Овен
21.03-19.04
Љубов
Наидувате на проблеми во љубовниот живот? Обвинете го Сатурн кој е решен да ве направи поиздржливи и попребирливи во однос на љубовниот партнер. До 25 јуни Сатурн ќе се движи ретроградно во вашиот сектор на врските и ќе се обиде да ви постави препреки кои ќе морате да научите да ги преминувате заедно со партнерот. Не смеете во овој период да попуштите и да се предадете. Откако Сатурн ќе го промени своето движење во директно, ќе сфатите дека врската ви толку цврста што никој и ништо не може да ја разниша.
Ако не сте во врска, во овој период Сатурн ќе ве научи повнимателно да ги избирате вашите партнери. Од цел куп обожаватели вие ќе можете да издвоите само неколку на кои би им дале шанса да се борат за вашето срце.
Најдобар ден за љубов е 8 февруари. Тогаш Венера ќе влезе во вашиот знак и ќе ви подари романтични мигови кои долго ќе ги паметите. Ако не сте во врска, запомнете ја оваа дата, затоа што во овој период ќе започнете врска со некој што има сериозни намери кон вас.
Во периодот од 15 мај до 27 јуни, Венера, планетата на љубовта, ќе се движи ретроградно во вашиот сектор на комуникацијата. Внимавајте како се однесувате кон вашиот партнер и не дозволуваат да ви излетуваат зборови кои навредуваат и болат, затоа што потоа ќе ви биде тешко да ја поправите штетата.
Некои овни во периодот од 25 јуни до 5 октомври ќе стапат во брак или ќе добијат вести за бременост. Последните три месеци од годината Сатурн ќе ги помине во шкорпија, вашиот сектор на интимноста, па влегувањето во сериозна врска или брачна заедница нема да биде непознато за овните.
Работа
Првите шест месеци на 2012 ќе бидат многу плодородни за вас. Јупитер, планетата на среќата, ќе се движи низ бик, вашиот сектор на парите и работата, и ќе ви донесе успеси какви што ќе си посакате на почетокот на годината. Користете ја секоја укажана можност за просперитет, затоа што успехот може да дојде оттаму од каде што најмалку очекувате.
Откако на 11 јуни Јупитер ќе премине во близнаци, ќе можете да го користите говорењето како моќно средство за убедување, па никој нема да може да се извлече ако вие решите дека треба да застане на ваша страна. Тоа ќе ви помогне да ги убедите луѓето да ги прифатат вашите идеи, а по успешната реализација, вие да присвоите и најголемо парче од колачот.
Во периодот од 10 април до 18 септември Плутон ќе се движи ретроградно во јарец, вашиот сектор на кариерата и машкоста. Можно е да започнете борба за надмоќ со некој ваш колега или со вашиот шеф. Внимавајте колку ќе ја вжештувате атмосферата, бидејќи лесно може да ги изгубите добрите позиции кои досега сте ги граделе во компанијата во која работите.
Марс ќе ви помогне да бидете поорганизирани. Ако имате повисока позиција, лесно ќе им делегирате задачи на оние кои работат за вас и со тоа ќе си ја зголемите ефективноста.
На почетокот на октомври сериозниот Сатурн ќе влезе во вашиот сектор на богатството и заедничките инвестиции. Можно е да треба повеќе да штедите поради голем трошок, да направите инвестиција или да продадете или купите имот.
Здравје
Здравјето нема да ви претставува проблем. Ќе бидете исполнети со енергија и нема да ви недостига желба да се придржувате кон добрите навики, затоа што Марс до почетокот на јули ќе престојува во девица, вашиот сектор на здравјето и фитнесот.
Марс е вашата планета владетел, па енергијата што ќе ја добивате од него ќе ве одржува живи и ведри. Сепак, поради влијанието на Марс може да станете малку понервозни од обично. Главната закана од која треба да се пазите е стресот.
На 3 февруари Нептун ќе влезе во риби, вашиот сектор на одморот и духовноста, каде ќе остане неколку години. Во текот на оваа година ќе започнете повеќе да ги гледате бенефициите од поврзувањето на телото и духот.
Во текот на втората половина од годината Уран ќе се движи ретроградно во вашиот знак, па ќе бидете нетрпеливи и често ќе избувнувате од лутина.
Бик
20.04-20-05
Љубов
Биковите кои се со статус сингл ќе уживаат во првата половина од годината. Многу ретко ќе им паѓа на памет да бараат партнер за сериозна врска, затоа што премногу ќе ја ценат независноста која им ја носи присуството на Јупитер во бик.
Ако сте во врска, ќе си ги поставите сопствените желби и потреби пред оние на партнерот и верувале или не, тоа ќе ви донесе повеќе хармонија во врската. Ценете се себеси за да бидете ценети од партнерот.
Откако на 11 јуни Јупитер ќе премине во близнаци, значително ќе ви се зголеми самодовербата. Близнаците кои не се во врска, во овој период ќе успеат да пронајдат некој кој ќе биде блиску до поимот „сродна душа“, бидејќи ќе знаат точно што сакаат во животот.
Марс ќе ви донесе огромна страст и желба за сексуална блискост. До 3 јули тој ќе престојува во вашиот сектор на страста, флертувањето и романтиката, па заведувањето ќе биде едноставна задача за вас. Ќе барате личности чиешто освојување ви претставува поголем предизвик, за да се почувствувате уште помоќно. Сексапилниот Марс ниту за момент нема да ве остави да бидете пасивни. Ако сакате поголема возбуда на љубовен план, тој ќе ве турне низ вратата за да ја пронајдете забавата.
Бидете повнимателни во периодот од 15 мај до 27 јуни затоа што тогаш Венера, планетата на љубовта, ќе се движи ретроградно во близнаци. Ако вашата врска се движи со пребрзо темпо, забавете ја. Одделувајте повеќе време за партнерот, а доколку не сте во врска, не брзајте да му скокнете в прегратка на првиот „лош“ тип кој ќе го запознаете.
Љубовта ќе стане посериозна за вас откако на 5 октомври Сатурн ќе влезе во шкорпија, вашиот сектор на обврзувањето. Некои бикови може да треба привремено да се разделат со партнерот поради работни обврски.
Најдобри денови за љубов се 5 март и 13 ноември.
Работа
Првата половина на годината е поволен период за започнување на бизнис. Јупитер ќе престојува во вашиот знак до 11 јуни и ќе ви даде поттик да станете посамостојни. Ако сте имале намера да ги тестирате вашите способности за водење бизнис, сега е моментот за тоа.
Откако на 11 јуни Јупитер ќе премине во вашиот сектор на парите, финансиската ситуација значително ќе ви се подобри. Добрата вест е што ќе бидете повнимателни со трошењето и ќе успевате да заштедите многу.
Во вториот период на годината може да го надградите вашето образование или да учествувате во проект наменет за странство.
Здравје
Сатурн веќе подолго време ве принудува да ги оставите лошите навики и да се насочите кон ослободување од пороците. Ако сè уште ги немате откажано цигарите или редовно ги надминувате границите при консумацијата на алкохол, сега Сатурн ќе вложи последни напори да ви помогне да се ослободите од таквата зависност.
Во текот на целата година Уран ќе престојува во овен, вашиот секот на духовноста. Обидете се да ја минимизирате напнатоста што ја чувствувате преку релаксирачки активности (како пилатес или јога), а не интензивни (како кик-бокс или Тае Бо).
Најголем наплив на енергија ќе почувствувате од 19 април до 20 мај, кога Сонцето ќе патува низ вашиот знак.
Близнаци
21.05-20.06
Љубов
Во текот на првите шест месеци од 2012-та, Јупитер ќе престојува во бик, вашиот сектор на духовноста и фантазијата. Многу близнаци во овој период ќе запознаат личност која ќе можат да ја наречат идеален партнер. Но, некои близнаци може да настрадаат поради љубовта, затоа што бик е и вашиот сектор на скриените намери. Запомнете дека луѓето не се секогаш добронамерни и дека нема да се двоумат дали да ве излажат. Во овој период ќе дознаете дека некој не е толку искрен и добар како што ви се претставува.
Јуни е месецот кога ќе започнат да ви се случуваат многу убави нешта. Среќниот Јупитер ќе започне со своето долго патување во вашиот знак и ќе ви донесе многу поголема радост отколку што очекувате.
Сепак, што и да правите, не брзајте во периодот од 15 мај до 27 јуни, кога Венера ќе се движи ретроградно во вашиот знак. Подобро е да правите промени во животот побавно, отколку потоа да жалите дека сте се движеле со брзина на светлината. Ретроградните движења ги враќаат на сцената и бившите партнери, па можно е во овој период некој ваш поранешен партнер да се обиде повторно да ве придобие или пак вие да започнете да имате чувства кон некој од вашето минато.
Строгиот Сатурн до 5 октомври ќе престојува во вага, вашиот сектор на страста, флертот и романтиката. Тој ќе ја преземе улогата на учител и ќе ви постави предизвици за да се учите да бидете поиздржливи. Поради неговата строгост нема да можете лесно да се впуштате во кратки љубовни авантури, а воопшто нема да ве привлекуваат ниту „врските“ за една вечер.
Работа
Планетите се на ваша страна и се подготвени со своето позитивно влијание да ви помогнат да постигнете финансиска стабилност. На 3 февруари Нептун влегува во вашиот сектор на кариерата и долгорочното планирање, па многу близнаци ќе добијат креативни идеи за развивање на сопствен бизнис или заработка од некое хоби.
На 11 јуни среќниот Јупитер ќе премине во вашиот знак и ќе остане тука цела година. Ќе бидете заинтересирани за иницирање на промени и можно е да започнете да работите на ново работно место.
Не сте подготвени да започнете свој бизнис, но имате профитабилна идеја? Побарајте бизнис партнер. Уран цела година ќе патува низ овен, вашиот сектор на групите и групните активности, па работата во тим нема да ви изгледа како лоша идеја, освен можеби кога треба да се дели профитот.
Започнете повеќе да штедите. Кон крајот на годината ќе ви отвори шанса да инвестирате во проект за кој со сигурност ќе знаете дека ќе биде успешен.
Здравје
Здравствената состојба ќе ви биде стабилна, но ќе има период од годината кога ќе страдате од голем недостиг на енергија. Во периодот од 19 април до 20 мај, Сонцето ќе престојува во вашиот сектор на завршетоците и одморот. Штедете си ги силите, затоа што тешко ќе ги полните батериите.
До 3 јули Марс ќе патува во вашиот сектор на домот и семејството. Ќе чувствувате голема напнатост во односите со најблиските и тоа ќе ви го зголеми стресот во животот. Не дозволувајте здравјето да ви настрада само затоа што се плашите од конфронтации со саканите.
На 5 октомври строгиот Сатурн ќе влезе во шкорпија, вашиот сектор на здравјето и фитнесот. Ова е периодот кога ќе бидете мотивирани да влезете во најдобрата форма во која сте биле некогаш во животот. Здравјето ќе ви биде на прв план, а тоа ќе се одрази позитивно во сите сфери на вашиот живот.
Рак
21.06-22.07
Љубов
Во текот на 2012 година многу повеќе ќе бидете заинтересирани за дружење и за напредување во кариерата, отколку за продлабочување на односите со партнерот. Во текот на првите шест месеци од годината, Јупитер ќе престојува во бик, вашиот сектор на пријателството и групните активности.
Ретко која забава ќе може да помине без вас. Ќе бидете срцето на друштвото, па кога сте отсутни, сите ќе го забележат тоа. Разнообразете го вашиот љубовен живот со излегувања во друштво, наместо со романтични вечери насамо со саканиот. Доколку не сте во врска, ќе бидете пресреќни што ќе имате стотици контакти и многу кандидати од кои ќе можете да си го изберете оној кој сметате дека е вистинскиот.
Во текот на првата половина од годината можно е некој ваш пријател да ви изрази љубовни чувства. Иако таквата ситуација ќе ви дојде како гром од ведро небо, останете приземни и на љубезен начин вратете си ги односите во нормала.
На 11 јуни Јупитер ќе премине во близнаци, вашиот сектор на фантазиите, со што ќе го означи почетокот на идеален период за да го пронајдете човекот од вашите соништа.
На 5 октомври строгиот Сатурн ќе започне да влијае на вашиот сектор на страста и романсата. Тој ќе ве принуди да си ја сфатите врската сериозно и да не ги занемарувате малите проблеми. На раковите кои се во врска ќе им биде потешко да ја одржуваат страста во спалната, но со меѓусебно разбирање со партнерот ќе успеат да го надминат тоа.
Крајот на ноември ќе ви донесе многу изненадувања. Ако сте сингл, тоа е периодот кога ќе сретнете некој што ќе ги разлета пеперутките во вашиот стомак.
Работа
Уран во текот на целата година ќе престојува во овен, вашиот сектор на кариерата и долгорочното планирање. Веќе сте на пат да го постигнете професионалниот успех по кој копнеете. Амбициозноста заедно со отворениот ум ќе ве постави меѓу најдобрите во вашата сфера на работење.
Не ги избегнувајте излегувањата со колегите. Јупитер ќе патува низ вашиот сектор на групите и групните активности и ќе ви помогне да се полесно да се поврзувате со луѓето. Никогаш не можете да знаете кога ќе запознаете личност која ќе ве лансира кон успехот. Бидете отворени за нови познанства.
Зборувањето и пишувањето ќе ви одат од рака, бидејќи Марс во текот на првите шест месеци од годината ќе престојува во вашиот сектор на комуникацијата. Ако вашата работа вклучува директен контакт со клиентите, ќе можете без многу труд да остварувате големи резултати.
Здравје
Сатурн ќе ве принуди да се грижите повеќе за себе, но и за луѓето кои ги сакате. Во вас ќе се разбудат мајчинските инстинкти, па ќе посакате сите да ги одржите во добра здравствена состојба. Неретко од вас ќе се слушаат совети за здрава исхрана или за почесто практикување на физичка активност.
Најдобрите месец дена за вашето здравје се од 21 ноември до 21 декември. Дури и ако сите околу вас страдаат од сезонски грип, вие ќе бидете здрави како дрен.
Лав
22.07-22.08
Љубов
Вие како страсни личности не можете да ги игнорирате силните љубовни чувства, но во текот на оваа година на прв план ќе ви биде работата и остварувањето на големите амбиции, а не врската.
На 3 февруари Нептун започнува да се движи во риби, вашиот сектор на интимноста и длабокото поврзување. Ќе ги истражувате вашите длабоки чувства, но ако сте во врска, ќе се појават проблеми поврзани со довербата. Дали му верувате на партнерот? Дознајте го одговорот што поскоро за тоа прашање да не остане да фрла сенка врз вашиот љубовен живот.
Некои лавови може да станат зависни од своите партнери. Не дозволувајте толку да се приврзувате кон саканиот, за да не ја изгубите вашата толку ценета самостојност.
Не сте во врска? Планетите ќе ви донесат многу возбудливи моменти. Добри денови за пронаоѓање на идеален партнер се 4 јуни, 22 јули и 6 септември.
Бидете внимателни во однос на љубовта во периодот од 15 мај до 27 јуни, кога Венера, планетата на љубовта, ќе се движи ретроградно во близнаци. Близнаци е вашиот сектор на пријателството, па не се изненадувајте ако во овој период некој од вашите блиски пријатели посака романтична наместо пријателска врска. Ретроградното движење ги враќа во игра и поранешните партнери. Ако продолживте да имате пријателски односи со некој бивши, сега ќе дознаете дека тој всушност не ве преболел.
Не избрзувајте со донесувањето одлуки од 7 до 26 ноември, кога Меркур ќе се движи ретроградно. Може да влезете во врска која ќе ви донесе само главоболки. Ако сте во врска, во овој период можни се жестоки расправии со партнерот. Контролирајте се и знајте кога треба да се повлечете.
Работа
Подготвени сте со двете раце да ја зграпчите секоја можност која ќе се појави пред вас. Вие отсекогаш сте се стремеле да бидете најдобри, но сега сте цврсто решени да не дозволите некој друг да истрча пред вас кон целта.
Јупитер во првите шест месеци од годината ќе престојува во бик, вашиот сектор на кариерата и амбициите, па копнежот за лидерска позиција ќе ви биде посилен од кога било претходно.
Добра вест е што планетите ќе се потрудат да ги исполнат вашите желби и ќе ви го донесат посакуваното унапредување или планираниот успех.
Уран, планетата на инвентивноста, ќе престојува во овен, вашиот сектор на експанзивноста. Ако имате свој бизнис, интензивно ќе кроите планови за негово раширување. Контактите со личности од други држави ќе ви помогнат лесно да го направите таквиот чекор напред.
Уште една добра вест... До 3 јули Марс ќе престојува во девица, вашиот сектор на парите и работата. Ќе имате добра заработка, но внимавајте да не потрошите веднаш сè што со многу труд и пот сте успеале да соберете во вашиот џеб.
Здравје
Одржувањето на добра здравствена состојба нема да ви претставува предизвик, но тоа не значи дека треба да ги прекрстите рацете и воопшто да не се трудите да го одржувате вашето тело во добра форма.
Плутон, планетата на трансформацијата, ќе престојува во вашиот сектор на здравјето, па веќе сте во процес на воведување на промени кои треба да ви го подобрат животот. Не се откажувајте додека комплетно не го промените начинот на живот, со цел да одржувате добро физичко, но и психичко здравје.
Девица
23.08.22.09
Љубов
Годината ќе ви биде исполнета со многу страст. Нема да ви недостига желба за интимност, затоа што Марс ќе се движи низ вашиот знак. Ќе се чувствувате прекрасно во своето тело и ќе го користите сексапилот како никогаш досега. Ако сте во врска, експериментирањето во спалната ќе го направи вашиот сексуален живот повозбудлив, а тоа секако ќе придонесе и за похармонични односи со партнерот.
Доколку не сте во врска, нема да ви недостига внимание од спротивниот пол. До 3 јули Марс ќе патува низ девица, па искористете го тој период за да си изберете некој што навистина ве цени како личност, а не некој што трча само по вашиот изглед.
Плутон, планетата на промените, ќе патува низ јарец, вашиот сектор на романтиката и флертот. Ќе бидете малку порелаксирани во однос на љубовта и ќе ги живеете работите додека ви се случуваат, без постојано да правите сериозни планови за иднината.
Најдобриот период за љубов започнува на 3 октомври, кога Венера, планетата на љубовта, ќе го посети вашиот знак. Други добри денови за вашиот љубовен живот се 17 ноември и 21 декември. Не сте во врска? Планетите тогаш ќе ви приредат интересни случувања.
Уран во текот на целата година ќе престојува во овен, вашата куќа на сексуалноста и интимноста. Ако сте во врска, нема да можете да се одделите од прегратката на вашиот сакан, бидејќи ќе имате големо либидо. Желбата за нешто ново може да ве поттикне да експериментирате повеќе од вообичаено.
Зближувањето со луѓето нема да ви претставува проблем, па ако не сте во врска, ќе можете лесно да се најдете со некој на иста фреквенција.
Работа
Многу малку време ќе трошите за размислување за вашата кариера, затоа што Јупитер првите шест месеци од годината ќе ги помине во вашата куќа на авантурите и оптимизмот. Безгрижноста на моменти дури и ќе ве плаши, бидејќи ќе чувствувате дека немате план за професионален напредок.
Не се загрижувајте! На 11 јуни Јупитер ќе премине во вашиот сектор на кариерата и долгорочното планирање, па амбициите наеднаш ќе ви пораснат. За многу кратко време вашето мислење ќе се промени и ќе започнете да целите високо кон лидерските позиции.
Ако во изминатиов период имавте проблеми со парите, обвинете го Сатурн. Тој ја истури својата строгост во вага, вашиот сектор на парите, за да ве научи повеќе да штедите и да ги планирате средствата со кои располагате.
На 5 октомври Сатурн ќе премине во шкорпија и ќе ви помогне да започнете да живеете порелаксирано. Но, неговите лекции од претходно ќе придонесат да продолжите да живеете разумно, без непотребно и импулсивно трошење.
Здравје
Никој нема да има толку многу енергија како вас. До 3 јули динамичниот Марс ќе патува во вашиот знак, правејќи ве енергични и неуморни. Трошете дел од силата на интензивна физичка активност, за да не се најдете во стресни ситуации предизвикани од натрупаната енергија.
Најдобриот едномесечен период за вашето здравје започнува на 20 јануари, кога Сонцето ќе го осветли вашиот сектор на здравјето.
Вага
23.09-22.10
Љубов
Новата година ќе ја извади на површина вашата романтична страна. Ќе обожавате кога работите на љубовен план се движат како подмачкани и кога романтичните вечери на свеќи и малите подароци се дел од вашето секојдневие. Малку ќе ве плаши фактот што ќе станувате премногу приврзани кон партнерот.
Јупитер во првата половина на годината ќе се движи низ бик, вашиот сектор на интимноста, принудувајќи ве да се поврзете со партнерот на подлабоко ниво. Од време на време ќе се чувствувате ранливи, бидејќи вашата врска ќе станува премногу стабилна и трајна, што значи дека нема да гледате начин за да излезете од неа. Ќе сфатите дека љубовта не значи само романтика, туку и поддршка во тешките периоди. Вагите кои се во сериозна врска во овој период може да се израдуваат со бременост или да му го кажат судбоносното „да“ на партнерот.
Во текот на целата година Уран ќе престојува во овен, вашиот сектор на врските. Доколку не сте во врска, може да избрзате и да влезете во врска која веднаш ќе сакате да ја прекратите. Добро е да бидете претпазливи колку ќе му откриете за себе на тој привремен партнер.
Уран ќе ви донесе и силна желба за независност, па на моменти ќе чувствувате дека блискоста со одредена личност ве задушува. Затоа, многу е важно да не дозволите врската да ви стане монотона.
Строгиот Сатурн ќе престојува во вашиот знак до 5 октомври. Тој е планетата на зрелоста и ќе ве научи да бидете постабилна личност со дефинирани цели во животот. Неговото влијание ќе ви помогне повеќе да се цените себеси и да бидете среќни и во моментите кога не сте во врска. Ако не можете да бидете среќни и задоволни од животот кога сте сами, нема да можете да сте среќни ниту во врска, дури и ако до вас имате совршен партнер.
Работа
Во првата половина од 2012 година Јупитер ќе патува во бик, вашиот сектор на заедничките инвестиции и финансиското планирање. Ќе имате доволно време за да започнете со правилно планирање на вашиот буџет. Ако досега живеевте обидувајќи се да врзете први со први, сега ќе научите со планирање да си ги намалите главоболките.
Откако на 11 јуни експанзивниот Јупитер ќе премине во вашиот сектор на авантурите, патувањата и претприемништвото, ќе ви се роди силна желба да започнете свој бизнис. Доколку имате можност, храбро зачекорете во претприемачките води.
На 5 октомври Сатурн ќе влезе во вашата куќа на работата и парите. Ќе го цените секој денар кој ќе се најде на вашата дланка. Расипничкото трошење на парите ќе ви стане минато. Строгиот Сатурн ќе ве принуди да работите според правилата и да се не обидувате да стигнете до успехот по пократкиот пат. Иако таквиот метод нема секогаш да се покажува како ефективен, на долгорочен план тој ќе ви помогне да сфатите дека трудот и напорната работа се исплаќаат.
Здравје
Во текот на 2012 година енергијата ќе ви варира и на моменти ќе се чувствувате како да ве удрил воз. Сатурн во првите девет месеци ќе престојува во вашиот знак и ќе ви го забави темпото на живот. Ниската енергија може да разбуди болки предизвикани од стари повреди.
Добрата вест е што барем ќе се грижите за вашето психичко здравје и исхраната. На 3 февруари Нептун ќе влезе во риби, вашиот сектор на здравјето, и ќе ве поттикне да пронајдете здрав начин на исхрана со кој ќе му се спротивставите на негативниот ефект кој Сатурн ќе го има врз вашата тежина.

Шкорпија
23.10-21.11
Љубов
Љубовта ќе стане посериозна во текот на 2012 година. Во текот на првите шест месеци Јупитер ќе се движи во бик, вашиот сектор на сериозните врски и обврзувањето. Шкорпиите кои се во врска ќе се зближат уште повеќе со своите партнери. Можно е да започнете да живеете заедно со саканиот или да започнете да планирате свадба или проширување на семејството.
Некои врски ќе се распаднат, но тоа ќе биде за доброто на сите. Можно е да почувствувате дека заслужувате повеќе и да завршите една врска за да започнете друга посериозна.
Ако не сте во врска, во текот на првата половина на годината може да започнете врска на далечина со некој од друга држава.
На љубовен план работите ќе станат посериозни откако на 11 јуни Јупитер ќе влезе во близнаци, вашиот сектор на интимноста. Во тој период ќе им придавате многу поголемо значење на сексуалните желби, па вашиот партнер ќе биде позадоволен од вашата заинтересираност за него. Ако не сте во врска, внимавајте пребрзо да не одите предалеку со некој кој не ве заслужува.
Најдобриот период за љубов започнува на 11 ноември, кога Венера ќе започне да се движи во вашиот знак. Посакувате да пронајдете некој со кого ќе можете да споделите буквално сè? Тогаш ќе ви се насмевне среќата.
Работа
Првите шест месеци од 2012 година ќе ви донесат богата фантазија и многу креативност, а тоа ќе ви помогне да ги завршите започнатите проекти и обврските кои долго ги одложувате. Тогаш Јупитер ќе се движи низ секторот на партнерствата, па некој соработник ќе ви помогне да стигнете побрзо до вашите зацртани цели.
Можно е да ви доделат нов интересен проект, поврзан со технологии и интернет. Ако сакате да внесете промени во вашиот живот, средината на годината е поволен период за таков чекор. Сите промени ќе се случуваат нагло и ќе ви влијаат особено позитивно.
Во втората половина на годината може да започнете свој бизнис или да влезете во нов бизнис поврзан со технологии. Ако пак не соберете храброст за да започнете нешто свое, ќе добиете унапредување и многу пофалби и признанија за вашата работа. Особено ќе бидете успешни ако работата ви е поврзана со многу комуникација или медиуми.
На 5 октомври Сатурн ќе започне долго патување во вашиот знак. Тој ќе ве принуди да бидете подисциплинирани. Сатурн е учител и ќе ве учи да постигнувате успеси, но на потешкиот начин. Ве очекува макотрпна работа.
Здравје
Во првата половина од годината, Сатурн ќе престојува во вашиот сектор на лекувањето и духовноста. Ќе успеете да оставите зад себе пороци или некоја зависност – пушење, често прејадување, проблеми со контролирањето...
Уран во текот на целата година е во овен, вашиот сектор на здравјето и фитнесот. Ќе бидете максимално посветени на одржувањето на вашата фигура. Некои шкорпии може и да станат вегетаријанци поради тоа што ќе сакаат подрастични промени во исхраната.

Стрелец
22.11-21.12
Љубов
Време е за повеќе забава. Уран во текот на целата година ќе престојува во овен, вашиот сектор на креативноста, флертот и романтиката. Ако не сте во врска, ќе запознавате многу интересни личности кои на еден или на друг начин ќе ви влезат под кожа. Не е исклучено на моменти да имате чувства кон повеќе од едно лице.
Новата доза енергија и креативност која ќе влезе во вашиот љубовен живот ќе ви овозможи повеќе да се забавувате и помалку да размислувате за секој потег. Сериозното обврзување нема да ви биде во план, затоа што Уран ќе придонесе повеќе да си ја сакате слободата.
Ако сте во сериозна врска, можно е да започнете планирање на семејство, а некои стрелци ќе се израдуваат со бременост, бидејќи овен е и вашиот сектор на плодноста.
На 11 јуни среќниот Јупитер ќе започне да патува во близнаци, вашиот сектор на сериозните врски. Ова планетарно случување настапува еднаш на секои 12 години, и ќе ви овозможи да запознаете некој што ќе остане долго време во вашиот живот, можеби и засекогаш. Стрелците кои се во врска ќе започнат да практикуваат поотворена комуникација со партнерот.
Ако случајно решите да се разделите од сегашниот партнер, тоа ќе се случи пријателски.
Најдобро време за љубов е периодот од 16 декември до крајот на годината. Тогаш Венера ќе патува низ вашиот знак, па љубовните авантури и романтичните гестови секојдневно ќе ви го разубавуваат животот.
Работа
2012 година ќе ви донесе големи успеси на професионален план. Во текот на првите шест месеци амбициозниот Марс ќе престојува во девица, вашиот сектор на кариерата, амбициите и долгорочното планирање. Ќе бидете подготвени да преземате поголеми ризици за да дојдете до повеќе пари.
Но, држете ги очите широко отворени од 24 јануари до 14 април кога Марс ќе се движи ретроградно. Пред секој позначаен потег размислете какви би биле последиците ако не се одвива сè според плановите.
Во втората половина на годината вашиот труд и амбициозност нема да останат незабележани. Ќе започнете да ги берете плодовите од вашиот досегашен труд. Искористете ги контактите со лица од областа во која работите, за да напредувате или пак за да започнете нова работа.
На 3 октомври Сатурн ќе влезе во вашиот сектор на скриените намери. Внимавајте! Луѓето не се толку добронамерни како што сакаат да ви се прикажат. Некој ќе крои планови да ви попречи во работата.
Здравје
Здравјето нема да ви создава проблеми во текот на првите шест месеци од 2012, кога Јупитер ќе престојува во бик, вашиот сектор на здравјето и фитнесот.
Од 23 октомври до 21 ноември ќе имате многу малку енергија. Доколку сте во можност, испланирајте тогаш да немате многу обврски. Релаксирајте се и не заборавајте дека витамините и минимизирањето на стресот се екстремно важни за вашето целосно здравје. Животот ќе ви биде многу динамичен и сигурно не сакате да ја изгубите енергијата што ве движи напред.

Јарец
22.12-19.01
Љубов
Повеќе нема да бидете така добри како порано. Во 2012 година ќе се борите за себе и за сопствените желби. Ќе сфатите дека не е ваша работа да ги носите на грб сите луѓе што се околу вас и јасно и гласно ќе го искажувате вашето мислење.
Во првите шест месеци од годината Јупитер се движи низ бик, вашиот сектор на страста, романсата и флертувањето, па ќе имате многу интимни средби со партнерот и страсни дискусии кои иако понекогаш ќе ве доведат до расправии, ќе завршуваат со жешки бакнежи.
Вашата агресивност и непокорност ќе бидат забележани од многумина и ќе привлекувате сè поголемо внимание од спротивниот пол. Ако досега сте се жалеле дека нема соодветни кандидати за вас, сега може да откриете неколку потенцијални партнери. Избирајте мудро!
Јупитер ќе ве мотивира повеќе да се грижите за вашиот изглед. Не се плашете да изгледате погламурозно. Повпечатливиот изглед ќе ви донесе само комплименти. Искористете ја креативноста за да изгледате невообичаено, но сепак да плените со стил.
Најдобри денови за љубов се 5 март, 19 април, 3 јули и 7 август.
Во втората половина на годината внесете повеќе фантазија и нови нешта во вашиот љубовен живот и отфрлете ги оние навики кои ви создаваат недоразбирања и проблеми. Ако сте со статус сингл, не гледајте лицата кои ги земате во предвид за љубовни контакти да бидат од ист тип. Некој ќе ве изненади пријатно, затоа што на почетокот воопшто нема да ви делува привлечно, а потоа ќе го сметате за идеален партнер.
Работа
Не очекувајте брзи промени на професионален план, затоа што Сатурн престојува во вашиот сектор на кариерата и амбициите. Тој е строг учител и ќе ви го носи успехот во мали дози. Нема да ви дозволи да работите со прекршување на правилата и ќе ве исцеди до последната капка пот.
За среќа, Сатурн ќе ви донесе и успеси, кои ќе бидат послатки затоа што ќе знаете дека сами сте си ги постигнале.
Ако сте во потрага по работа, започнете повеќе да се концентрирате на воспоставување на што повеќе контакти со луѓе од областа во која сакате да се развивате. Воопшто нема да погрешите ако се надевате дека новите познаници ќе ве однесат еден чекор понапред во вашата кариера.
Евентуални проблеми се можни во периодот од 10 април до 18 септември. Тогаш Плутон ќе се движи ретроградно во вашиот знак, па пречките на работното место се неизбежни.
Здравје
Нема да сакате да се лишувате од задоволствата кои ви ги носи животот. Во првата половина на годината, односно додека Јупитер се движи во секторот на угодувањето, често ќе претерувате со храната и со внесеното количество алкохол. Научете да се контролирате.
Добрата вест е што на 11 јуни Јупитер ќе започне да патува во близнаци, вашиот сектор на здравјето и фитнесот. Ќе се вратите во форма и ќе станете позаинтересирани за консумирање на здрава храна. Ќе бидете како преродени секогаш кога ќе вежбате, па благодарение на убавото чувство ќе се мотивирате тоа да ви стане секојдневие.

Водолија
20.01-18.02
Љубов
Љубовниот живот ќе ви биде исполнет со многу жешки моменти, искри и возбуда. До 3 јули сексапилниот Марс ќе патува во вашиот сектор на интимноста. Тој ќе ви донесе сексуална енергија и желба за повеќе интимни средби со партнерот.
Доколку не сте во врска, во овој период може да имате неколку кратки љубовни авантури со некој кон кого ќе чувствувате голема физичка привлечност. Нема да се воздржувате како вообичаено, па внимавајте со кого ги споделувате бакнежите.
Ако сте во врска, во првата половина од годината може често да се расправате со партнерот за секс или за пари. Позитивно е тоа што ќе можете да пронајдете заеднички јазик и лесно ќе го разрешувате секој спор.
Љубовниот живот нема да ви биде така возбудлив и интересен во периодот од 15 мај до 27 јуни, затоа што тогаш Венера, планетата на љубовта, ќе се движи ретроградно во вашиот сектор на страста и романсата. Ако сте сингл, тешко ќе ви оди со заведувањето во овој период, но не дозволувајте суптилниот флерт да премине во нападен.
Во текот на втората половина од годината ќе бидете големи оптимисти. Јупитер неочекувано може да ве промени. Можно е да започнете да се облекувате попровокативно или да флертувате послободно. Ако сте во врска, дружењето и излегувањето во друштво ќе направи повеќе да ги цените моментите кога сте заедно со партнерот.
Работа
Во текот на првите шест месеци од 2012 година можно е целосно да ја промените вашата кариера и да се насочите кон друга област, а можно е и да останете во истата област, но да го промените начинот на којшто ги гледате работите.
Можеби ќе ви звучи чудно, но во овој период финансиската стабилност нема да ви значи многу. Ќе бидете во потрага по смислата на она што го правите и ќе ви биде важно како вашиот труд влијае на луѓето околу вас.
Уран во текот на целата година ќе престојува во овен, вашиот сектор на комуникацијата. Лесно ќе можете да препознаете брилијантна идеја и ќе се насочите кон нејзино реализирање. Најдобро ќе се истакнете преку презентации, интервјуа, состаноци или пак неформални средби со авторитетни луѓе.
На 5 октомври Сатурн ќе влезе во шкорпија, вашиот сектор на кариерата и амбициите. Тој ќе ве научи да бидете поодговорни и подисциплинирани. Под неговата контрола ќе постигнувате многу успеси, но со макотрпна работа.
Здравје
Чувствителноста може да ве направи подложни на стрес. Секоја напнатост ќе ви влијае негативно и често може да страдате од главоболка. Пред да се упатите кон апчињата, прво релаксирајте се. Најчесто болката ќе одмине веднаш откако ќе ги олабавите рамената и ќе ги пуштите мислите слободно да талкаат.
На 5 октомври Сатурн ќе го започне своето долго патување во шкорпија. Погрижете се за вашите заби и внимавајте на здравјето на коските.

Риби
19.02-20.03
Љубов
Годината ќе ви донесе исклучително убави љубовни моменти. Сексапилниот Марс до 3 јули ќе престојува во девица, вашиот сектор на сериозните врски и обврзувањето. Ако не сте во врска, ќе бидете подготвени да сретнете некоја специјална личност. Марс ќе ве поттикне да бидете поактивни, а не да чекате пасивно некој да тропне на вашата врата.
Ако сте во врска, ќе чувствувате силна сексуална привлечност кон вашиот сакан. Сепак, Марс со себе носи и напнатост, па во одредени моменти можни се жестоки расправии со партнерот, но лутината брзо ќе одминува.
Најдобриот период за љубов започнува на 7 август и ќе трае до 6 септември. Тогаш Венера, планетата на љубовта, ќе патува низ вашиот знак, носејќи ви многу романтика. Особено ќе го цените времето поминато со партнерот, но и времето само за себе. Нема воопшто да биде себично од ваша страна ако со сите сили се борите никој да не ви ги скрати интимните моменти. Ако не сте во врска, ова е периодот кога ќе имате можност да избирате. Не глумете ладнокрвност и ако ви се допаѓа некој, покажете му го тоа. Љубовните игри оставете ги за друг период.
На 5 октомври Сатурн ќе влезе во шкорпија, вашиот сектор на авантурите и оптимизмот. Секоја друга планета би ве поттикнала да бидете спонтани и да си го зачините животот со неколку љубовни авантури, но Сатурн ќе ве натера поодговорно да ги избирате партнерите.
Работа
На 3 февруари Нептун, вашата планета владетел, ќе влезе во вашиот знак и ќе ви ги промени приоритетите. Можно е да започнете да работите за добротворни цели или да се занимавате поинтензивно со некое ваше хоби како фотографирање, цртање и сл.
Делумното затемнувањето на месечината кое ќе настапи на 4 јуни ќе ви донесе голема животна промена. Некои риби ќе го променат местото на работење, а други ќе добијат унапредување.
Во првата половина на годината Јупитер ќе се движи низ бик, вашиот сектор на комуникацијата. Искористете ја способноста за избирање на најсоодветни зборови за да им го привлечете вниманието на лицата кои одлучуваат за вашата иднина.
Во текот на 2012 Уран ќе патува низ овен, вашиот сектор на парите и работата. Ќе барате флексибилност во работата и ќе ги мразите роковите. Парите кои ќе ги заработувате ќе ги трошите креативно.
Здравје
Присуството на вашата планета владетел во вашиот знак ќе ве принуди повеќе да се грижите за себе. Но, тоа не значи дека ќе си ги ограничите нештата кои ви носат задоволство или дека ќе гладувате. Изберете си активност која ве усреќува и практикувајте ја редовно. Во исхраната не се ограничувајте количински. Изберете здрава храна и уживајте во неа, без да гладувате.
Колку повеќе се негувате, толку посреќни ќе бидете, а тоа позитивно ќе се одрази на вашето емотивно здравје.
Најмногу енергија ќе имате од 22 јули до 22 август, кога Сонцето ќе го посети вашиот знак. Испланирајте да се зафатите со најголемите обврски токму во тој период од годината.