Вонземјаните на нашата планета
Благодарение на подуените тела прекриени со кутикула, поделени на четири сегменти и бавниот од со своите осум нозе со канџи на врвот, од сите живи суштества на Земјата, само безрбетните тардигради (познати и како водени мечиња) можат да ги преживеат екстремните вселенски услови, како што се вакуумот, сончевата радијација и температурите од -237 до +149 степени Целзиусови.
Почнувајќи од 2007 година, овие суштества со големина од 0,5 до 1,5 милиметри, научниците ги испраќаат на вселенската станица, заедно со други т.н. екстремофили, односно суштества способни да преживеат во екстремни услови.Научниците заклучиле дека необичните "мечиња" се единствените кои навистина можат да опстанат во екстремните услови, благодарение на способноста за реверзибилно стопирање на својот метаболизам.
Така тие може да влезат во дехидрирана состојба, позната како криптобиоза.
Во оваа состојба, метаболизмот на тардиградите се забавува на помалку од 0,01% од вообичаеното функционирање, а таков останува се додека надворешните услови не се повторно поволни за живот.